
Нова војна меѓу Арсенал и Тотнем, овојпат на - трансфер пазарот!
Се работи за играч на уште еден лондонски клуб, Кристал Палас. Тие се во борба за потписот на Езе кој тешко дека ќе се задржи во сегашниот клуб.
Арсенал од поодамна се поврзува со Езе, а Тотнем од скоро се приклучи во трката. Информациите велат дека и двата клуба се активни во преговорите.
Езе има откупна клаузула од 78.6 милиони евра која истекува во петок. Дотогаш клубовите можат по оваа цена да го купат, но и Арсенал и Тотнем се надеваат дека ќе можат да изнудат попуст.
Сепак има и трет сериозен клуб кој е заинтересиран за Езе, тоа е Њукасл.
Не е отфрлена можноста токму Њукасл да биде следната дестинација на Езе па ривалите од Северен Лондон да останат со празни раце.