
Кипарскиот Пафос на чекор од ЛШ - го елиминира Динамо Киев без примен гол (ВИДЕО)
Иако беше голем аутсајдер во двомечот со Динамо Киев, клубот од истоимениот град ги елиминира Украинците без примен гол, со вкупен резултат 3-0. Минатата недела како гостин оствари минимален триумф, а денеска пред своите навивачи ја потврди големата победа, славејќи со 2-0.
Херој на Пафос беше хрватскиот репрезентативец Мислав Оршиќ кој во втората минута го отвори резултатот, а во 55. му асистираше на Кореја за конечните 2-0. Во плејофот за пласман во Лигата на шампионите, Кипарците ќе играат со подобриот од двомечот меѓу Црвена Звезда и Лех, додека Динамо Киев за противник ќе го добие победникот од пресметката меѓу Хамрун од Малта и Макаби Тел Авив од Израел.