Скрпениот Шкупи немоќен, Шкендија со „петарда“ тргна во одбрана на титулата (ФОТО+ВИДЕО)

Екипата на Шкендија во првиот натпревар од сезоната ја оправда фаворитската улога и славеше победа против Шкупи со 5-1 на свој терен во Тетово

Победата на актуелниот шампион беше очекувана поради составот со кој допатува Шкупи на ова гостување. Имено, во стартниот сосстав на клубот од Чаир имаше дури седум младинции, а на клупата шанса чекаа само четири резерви од кои двајца беа голмани.

Во таква ситуција Шкендија многу брзо по само осум минути игра преку Рамадани стигна до водство, фудбалерот на домаќините упати одличен удар надвор од шеснаестникот со кој го совлада голманот Гроте.

 

Шкупи сепак, некако успеа да дојде до израмнување oд својата прва прилика преку Малик Хајрави во 14. минута. Шкендија по примениот гол повторно доминираше на теренот, па така и го врати водството до паузата со погодокот на Зејнулаи. Дополнително работите за Шкупи ги отежна исклучувањето кое го заработи Рустеми.

 

Не се променија работите ниту во вториот дел кога констатно се играше на гостинската половина, Шкупи речиси и да не се закани посериозно. Убедливиот триумф за Шкендија беше обезбеден со двата гола на искусниот Ибраими, а еднаш стрелаше Љатифи.

 

Ќе потсетиме, денеска на програмата е и вториот натпревар во кој од 20:00 часот на арената Вардар ќе биде домаќин на Пелистер.