Реал Мадрид ќе има и син дрес, навивачите воодушевени (ФОТО)

Реал Мадрид денеска ја претстави својата трета гарнитура на дресови која ќе биде во сина боја, а според коментарите на социјалните мрежи навивачите се воодушевени и имаат само пофалби.

Германскиот бренд „Адидас“ со кого соработуваат „кралевите“ изработи одличен син дрес со бели детали. Грбот на Реал Мадрид е претставен во традиционалните бои, додека на другата страна е логото на „Адидас“ во бела боја.

Бидејќи станува збор за трет дрес, „кралевите“ ретко ќе го користат во текот на сезоната, но интересот од навивачите за него веќе е огромен.