Двојна радост на Шелтон: Го освои првиот Мастерс трофеј и - го помина Ѓоковиќ

Американскиот тенисер Бен Шелтон ја освои првата Мастерс титула во кариерата откако во финалето во Торонто го совлада Карен Хачанов со 2-1 (6-7, 6-4, 7-6).

Тоа е вкупно трет трофеј во кариерата за него, но стана прв Американец кој триумфирал во Торонто по Енди Родик во 2003 година. Подеднакво важно е тоа што со овој триумф си обезбеди рекорден пласман во кариерата затоа што го помина Новак Ѓоковиќ на АТП листата и застана на шестата позиција.

Неговиот триумф добива на значење ако се знае дека е остварен со пресврт против поискусен тенисер, а една од главните причини за победата е одличниот сервис во последниот сет. Во него оствари седум од своите 16 аса и во еден период имаше 14 освоени поени по ред на свој сервис.

И Хачанов профитираше од овој турнир бидејќи со пласманот во финалето освои 400 бода и скокна четири позиции на АТП листата, па сега се наоѓа на 12. место.