
Челси му најде нова работа на суспендираниот Мудрик!
Мудрик уште е во Челси, но сега има поинаква улога. Според англиските медиуми тој станал личен тренер на неколку фудбалери.
Украинецот бил задолжен за работа со Ромео Лавиа, Марк Кукурења и новиот фудбалер Џејми Гитенс.
Сите тие работат со Мудрик на дневна основа, а кон тренинзите на оваа група треба да им се приклучи и Естевао.