
Интер Мајами излезе со детали за повредата на Меси!
Интер Мајами има згуснат распоред, па Меси е повеќе од важен во овој период, но одредено време тимот ќе треба да игра без него.
„Врз Меси беа направени медицински тестови за да се утврди повредата на мускулот на кој почувствува непријатност за време на мечот од Лига купот против Некакса. Резултатите потврдија мала мускулна повреда на десната нога. Неговото враќање ќе зависи од неговиот клинички напредок и одговорот на третманот“, се вели во соопштението на Интер Мајами.