
Стоилов си оди од Вардар, ќе биде селектор на младинска селекција!
Како што дознаваме, поранешниот македонски репрезентативец ќе ја преземе работата во селекцијата на Македонија до 15 години, каде што ќе има улога да ги бира најталентираните од целата држава и да постави темел на правилно избрани млади ракометари кои ќе треба потоа да бидат основа и за повозрасните репрезентативни категории.
Македонската ракометна легенда, исто така, во иднина ќе продолжи да му помага и на селекторот Кире Лазаров во сениорската репрезентација.
Стоилов долго време беше дел од „црвено-црните“, каде што најпрво како ракометар успеа да се избори за голем број титули, беше капитен на тимот кога црвено-црните на двапати ја покорија ракометна Европа, во 2017 и во 2019, а потоа работеше и како помошник на Владо Недановски и Гилермо Милано.
Откако управата на клубот реши за нов тренер да го назначи Хрватот Иван Чупиќ, кој исто така е дел од златната Вардарова генерација, Стоилов и најтрофејниот македонски клуб решија да се раздеат, што секако нема да наиде на одобрување кај многубројната на и алка армија на црвено-црните.