Арнаутовиќ по потписот за Ц. Звезда: Му ветив на Синиша дека ќе дојдам тука! (ВИДЕО)

Марко Арнаутовиќ доцна синоќа потпиша за Црвена звезда, поранешниот играч на Интер е среќен што се сели во српскиот гигант.

Австрискиот репрезентативец стави потпис на договор со Ц. Звезда до 2027 година, а ќе го носи дресот со бројот 89.

„Ова е исполнување на уште еден мој сон во кариерата. Имам само пријатни спомени од Србија и српскиот народ. Тука дојдов да се радуваме и да бидеме успешни. Не прифаќам друго сценарио“, рече Арнаутовиќ.

Последен клуб на Австриецот беше Интер, а претходно играше и за Болоња под водство на Синиша Михајловиќ кој е легенда и на Црвена звезда.

„Му ветив на Синиша дека ќе дојдам во Звезда, сега сум тука“, открива Арнаутовиќ.

Со ангажманот на Арнаутовиќ, Црвена звезда сака искуство и квалитет во својот тим.