Челси и Манчестер јунајтед подготвуваат спектакуларна размена!?

Манчестер јунајтед продолжува со активности на трансфер-маркетот, па планира наскоро да се засили и со напаѓач, а изборот паднал на Николас Џексон од Челси.

Челси е подготвен да го пушти Џексон, но само за 100 милиони евра, па поради тоа „ѓаволите“ понудиле поинаква опција, а тоа е размена со Алехандро Гарначо.

„Ѓаволите“ наводно сакаат да се откажат од Гарначо, а притоа се подготвени и да доплатат за потписот на Џексон.

Милан претходно покажа интерес за напаѓачот од Сенегал, но „сините“ им побараа 100 милиони евра за трансфер.

Фото: Facebook/Chelsea FC