
Огромен скок на Калин Ивановски - напредуваше 60 места
На најновото рангирање, објавено денеска, тој забележа скок од 60 позиции, благодарение на тоа што минатата недела ги помина квалификациите во Сан Марино и дојде до првото коло на главниот турнир. Поради тоа заработи пет бода и со 29, сега се наоѓа на 793. место, а ова е втора недела по ред во која напредува по 60 или повеќе места.
Тоа, сепак, се уште е далеку од неговиот најдобар пласман, 305. место од 2023 година, но мора да се знае дека ја пропушти речиси цела ланска сезона поради повреда и операција.