Велкоски го пречека Ристовски во Сарајево (ФОТО)

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски од денеска се придружи на екипата на Сарајево на подготовките во Словенија откако претходно клубот потврди дека потпишал договор до 2027 година.

Ристовски е првото засилување за Крсте Велкоски кој на почетокот на месецот ја презема улогата на технички директор во клубот каде што остави длабока трага како фудбалер.

Токму со фотографија од двајцата поранешни македонски репрезентативци, Сарајево го потврди пристигнувањето на Ристовски.

Во Сарајево очекуваат Ристовски да биде големо засилување и со своето искуство и квалитет да придонесе за успех на клубот.