Седлоски: Вардаровиот дрес тежи, задоволен сум од сите!

Фудбалерите на Вардар вечерва славеа победа во натпреварот против Ла Фиорита со 3-0, а по натпреварот стратегот Гоце Седлоски очекувано беше задоволен од прикажаното на неговите фудбалери.

Истакна стратегот на „црвено-црните“ и дека дел од неговите фудбалери првпат играат европски натпревари.

„Во првото полувреме влеговме под грч, некои наши фудбалери првпат играат европски натпревари, но ваквите противници се многу незгодни, од една шанса можат да ти дадат гол. Задоволен сум од второто полувреме, од играчите што ги внесов, веднаш направија разлика, поведовме и го добивме натпреварот. Ако некој ме прашаше пред натпреварот, ќе прифатев резултат 3-0. И во ревнашот ќе влеземе максимално сериозно, без разлика на убедливата победа. Задоволен сум од новите засилувањата, мислам дека и направивме добри измени. Вардаровиот дрес тежи, сите кои играа го дадоа максиумот,задоволен сум од сите.

Реваншот е закажан за седум дена во Сан Марино и по овој резултат и прикажаното, Вардар не би требало да има проблем за пласман во второто коло.