Кристијано Роналдо откри колку деца сака да има

Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо неодамна стана татко по вторпат, кога со помош на сурогат мајка ги доби близнаците Матео и Ева. Претходно, на ист начин пред неколку години го доби синот Кристијано Јуниор.

Познато е дека неговата девојка Георгина Родригез е во петтиот месец од бременоста, а Роналдо со последната изјава призна дека нема да застане на оваа бројка.

„Кристијано Јуниор е многу среќен откако доби братче и сестра и ми кажа дека сака да има уште повеќе. Он сака да го имаме магичниот број на деца во семејството, а тоа значи дека јас ќе имам седум деца. Мислам дека тоа така и ќе биде“, рече фудбалерот на Реал.

Не се знае каква била реакцијата на Георгина на оваа негова изјава...