Неверојатно: Украдени 11 велосипеди вредни 143.000 евра на „Тур Д Франс“

Француската екипа „Кофидис“ остана без 11 велосипеди, откако им биле украдени од камионот пред втората етапа од „Тур Д Франс“.

Велосипедите биле украдени од камион паркиран на околу 150 метри од хотелот каде што била сместена екипата.

„Вратата од камионот беше скршена и ни беа украдени 11 велосипеди. Секој од велосипедите чинеше по 13.000 евра, па така вкупната штета изнесува 143.000 евра“, соопштија од тимот.