Дембеле го прослави голот како Жота! (ФОТО)

ПСЖ со 2-0 го победи Баерн Минхен и се пласира во полуфиналето на Светското клупско првенство, а вториот гол кој го постигна Усман Дембеле беше прославен во чест на починатиот играч на Ливерпул, Диого Жота.

Дембеле во судиското продолжение ги постави конечните 2-0, а голот го прослави седејќи и симулирајќи играње ФИФА на плеј-стејшн. Таквата прослава прв ја направи Жота, па играчот на ПСЖ со ваквиот начин сакаше да му оддаде почит на загинатиот Португалец.