
Челси брка уште еден фудбалер, Арсенал чека со раширени раце
Мареска по победата против Палмеирас испрати јасна порака и се очекува Нони Мадуеке да ги спакува куферите и да го напушти „Стемфорд Бриџ“.
Како следна дестинација за талентираниот фудбалер се споменува Арсенал, кој будно ја следи ситуацијата и наскоро би можел да испрати понуда.
Арсенал сакаше претходно да го купи Родриго од Реал Мадрид, меѓутоа „топчиите“ немаат 90 милиони евра и затоа го разгледуваат Мадуеке како „план Б“.
Фото: Facebook/Chelsea FC