Бабунски дебитираше со гол за Ниреѓихаза

Македонскиот фудбалер Доријан Бабуноски вчера потпиша за Ниреѓихаза, а денеска дебитира со гол во дресот на унгарскиот тим против Локомотива Загреб (1-1) на подготовките во Словенија.

Бабунски беше стрелец на единствениот гол за Ниреѓихаза, откако во 65. минута ја затресе мрежата на ривалот за 1-1, откако претходно Локомотива поведе преку Силвио Горичан.

Македонецот пристигна во Ниреѓихаза од редовите на Сепси, откако претходно играше и за Дебрецин, Грасхоперс, Ботев Враца и други тимови.