Интер веќе го бара наследникот на Чалханоглу, има три опции

Хакан Чалханоглу е на излезна врата од Интер и се чини дека само прашање на време е кога тоа ќе се случи и на кој начин, во меѓувреме миланскиот клуб бара засилување за средниот ред.

Во соблекувалната на Интер се случува сериозен раздор поради Чалханоглу, фудбалерите се делат во табори и завземаат страни.

Таквата неподнослива ситуација ќе се реши само со трансфери, пред се на Чалханоглу кој моли да отиде во Галатасарај.

Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот веќе ја подготвува замена за турскиот плејмејкер. Спортскиот директор Бепе Марота веќе ги има дефинирано потенцијалните цели Едерсон од Аталанта, Николо Ровела од Лацио и Мортен Хјулманд од Спортинг.

Сите тројца се играчи со добра репутација и одредено време се на радарот на поголемите клубови. Едерсон беше интересен и за Манчестер Јунајтед, а Хјулманд исто така имаше понуди од Премиер лигата. Ровела веќе извесен период се поврзува со Интер, и сега се очекува Марота да ги забрза разговорите откако ќе се официјализира заминувањето на Чалханоглу.