Спортинг не сака ниту да слушне за продажба на Ѓокереш под 80 милиони евра!

Претседателот на Спортинг, Варандас уште еднаш го кажа тврдиот став на клубот за иднината на нивниот напаѓач Виктор Ѓокереш.

По брилијантата сезона се претпоставуваше дека Ѓокереш лесно ќе најде ангажман во некој од најдобрите европски клубови, но тој е уште во Спортинг.

Се шпекулираше дека Ѓокереш има џентлменски договор со Спортинг според кој ќе може да замине за 60 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси. Но, нема ништо од тоа.

„Нема да кажам која е цената, фудбалерот знае која е. Можам да ви кажам само дека Виктор нема да замине за 60 милиони евра плус 10 милиони евра, едноставно нема да си оди за таа сума“, рече претседателот на Спортинг.