
Барселона конечно го исплати долгот кон Меси од 2020 година!
Барселона исплати 16 милиони евра кон фудбалерите и тренерите кои во декември 2020 година се согласија на одложена исплата поради финансиските проблеми со кои се соочи гигантот.
Меси доби 5,95 милиони евра од вкупно 16 кои беа исплатени кон лицата на кои Барселона им остана должна.
Каталонската екипа веќе некое време се обидува да ги реши финансиските проблеми со цел во иднина да може полесно да регистрира засилувања и да функционира нормално.
Фото: Facebook/Inter Miami CF