
Чалханоглу до газдите на Интер: Пуштете ме дома!
Турскиот репрезентативец има желба да го напушти клубот од Милано и да продолжи во неговата татковина од каде што Галатасарај на големо се поврзува со неговото име.
„Дојдов бесплатано во клубот пред четири години. Сега сакам својата кариера да ја продолжам во Галатасарај и се надевам дека ме разбирате. Пуштете ме дома“, биле зборовите со кои Чалханоглу се обратил до раководството, пренесува турскиот медиум „Сабахспор“.
Чалханоглу со Интер има договор до 2027 година, но клубот по Петар Сучиќ би можел во средниот ред да се засили и со Николо Ровела од Лацио за кого римскиот клуб барра 50 милиони евра.