
Меси си ја отвори душата: Ниту еден ден во ПСЖ не бев среќен
Интер Мајами и ПСЖ ќе се сретнат денеска во рамките од осминафиналето, Меси дресот на францускиот шампион го носеше од 2021 до 2023 година.
„Тоа беа години во кои не уживав и не бев среќен во секојдневниот живот. Не беше тоа добро искуство за мене и не бев среќен ниту еден ден на тренинзите и натпреварите. Не можев никако да е прилагодам“, призна Меси.
Зборуваше Аргентинецот и за проблемите со навивачите.
„Прво бев топло пречекан, но потоа започнаа да ме третираат поинаку, еден дел од јавност во Париз. Дојде и до поделба помеѓу фановите што секако не беше моја цел. Слични ситуации имаше и со Мбапе и Нејмар, па веројатно навивачите таму едноставно се такви“, додаде аргентинскиот ас.
Во дресот на ПСЖ Меси одигра 75 натпревари во сите натпреварувања во кои посигна 32 гола и подели 35 асистенции. Натпреварот помеѓу Интер Мајами и ПСЖ се игра во терминот од 18:00 чсот.