Американецот Гордон е прво засилување за ТФТ

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје денеска го промовираше првото засилување за новата сезона, а тоа е Американецот Џастин Гордон.

Гордон доаѓа во ТФТ од редовите на Нитра од Словачка, за која минатата сезона во просек постигнуваше по 14,2 поени и 5,2 скокови по натпревар.

Американецот стави потпис на едногодишен договор со македонскиот тим, а во кариерата играше и за тимови од Германија, Унгарија, Англија и други држави.

Фото: Кошаркарски Клуб ТФТ АД Скопје