Дурант за трејдот во Хјустон дозна среде интервју (ВИДЕО)

Искусниот Кевин Дурант кариерата во НБА лигата ќе ја продолжи во екипата на Хјустон откако денеска претходно беше потврдена раазмената во која учествуваше неговиот досегашен клуб Феникс.

Веднаш по потврдата на социјалните мрежи се појави видео од Дурант во моментот кога дозна дека е трејдуван во Хјустон. Ако се суди по неговата реакција, Дурант беше малку изненаден и не беше информиран претходно.

„Трејдуван си во Хјустон, како ти звучи?“, го праша водителката додека присутните на трибината еуфорично реагираа.

„Ќе видиме...Ќе видиме што ќе се случува“, искоментира Дурант.

Феникс во замена за Дурант ќе ги добијат Џелен Грин, Дилон Брукс и 10. пк на НБА драфтот.