Пачука можеше да го шокира Реал – Асенсио исклучен уште во седмата минута! (ВИДЕО)

Реал Мадрид речиси цел натпревар против мексиканската Пачука ќе го игра со фудбалер помалку откако исклучување заработи дефанзивецот Асенсио.

Фудбалерот на „кралевите“  уште во седмата минута го заврши натпреварот добивајќи директен црвен картон откако го повлече фудбалерот на Пачука кој излегуваше сам пред Кутоа и беше во одлична позиција да донесе водство за својот тим.