Пол Погба конечно пронајде нов клуб

Францускиот фудбалер Пол Погба како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во редовите на Монако.

Погба во февруари 2024 година беше казнет со суспензија од четири години поради допинг, а потоа таа казна му беше намалена на 18 месеци. Јувентус во меѓувреме го раскина договорот со него, па Погба во изминатите месеци беше во потрага по нов ангажман.

Според информациите на италијанскиот инсајдер Фабрцио Романо, Погба ќе продолжи во клубот од Кнежеството со кого ги договорил сите детали.

Со Монако Погба ќе потпише договор на две години и очигледно во Монако веруваат дека може повторно да игра на високо ниво и покрај паузата.