
Ристовски: Ми кажаа дека ќе потпишам нов договор, но Динамо не го исполни ветувањето
Ристовски во разговор со хрватските медиуми кажа колку му значи гигантот од Загреб, но и дека му бил ветен договор, меѓутоа тоа не било исполнето на крајот.
„Динамо ми е најмил клуб во кариерата. Оставив пет најдобри години во тимот, моето семејство уживаше во Загреб. Оваа разделба ми е навистина тешка. На почетокот на годината се враќавме од патување, а Велимир Зајец на аеродромот би кажа да не се грижам затоа што ќе потпишеме нов договор. Мислев дека сè е завршено, но набрзо почнаа да се менуваат работите. Почувствував каде води тоа и ми кажа дека без оглед на сè сака господски да се разделиме“, откри Ристовски.
Македонецот признава дека до последен момент се надевал дека клубот ќе се премисли и ќе му понуди нов договор, но не успеал да разговара со Звонимир Бобан за таа опција.
„Требаше да имаме состанок, но јас заминав во Македонија. Динамо е мој клуб и сакав да заминам како победник. Си заминав со чист образ, полно срце и гордост“, објасни македонскиот фудбалер.
Фото: Facebook/GNK Dinamo Zagreb