
Алкараз би го „убил“ Ѓоковиќ: Не можам да го преболам тој пораз (ВИДЕО)
Алкараз во текот на турнирот во Квинс снимаше содржина за друштвените мрежи, па доби задача да ја игра позната игра „бакни, ожени или убиј“.
За секоја категорија, Алкараз мораше да избере по еден од понудените личности, а тоа беа: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Одговорот на Алкараз беше дека би го убил Ѓоковиќ, би го оженил Надал, додека за бакнежот го избра Федерер.
Фото: EPA