
На Арсенал му се прескапи и Шешко и Ѓокереш!
На Арсенал очајно му треба напаѓач, но раководството на клубот одлучува да се „ценка“ за што поевтина сума иако интерес за оние кои ги сака има и од други клубови.
Информациите велат дека Арсенал нема да плати сума меѓу 80 и 100 милиони евра колку што бара Лајпциг за Шешко.
Топчиите уште во целост ги немаат договорено и личните услови со фудбалерот, но разговори се одвиваат.
Тие ја следат ситуацијата и со Виктор Ѓокереш, но се верува дека не сакаат да платат ни 60-70 милиони евра колку што бара Спортинг, тоа им е исто така превисока сума.
Фото: X/RB Leipzig