
Пелистер првпат во историјата ќе игра во Лигата на шампионите!
Во новата сезона, битолскиот тим ќе се натпреварува во ФИБА Лигата на шампионите, првпат во својата историја. Пелистер го пријавил своето учество во квалификациите за ова натпреварување и ќе се обиде да стигне до главната фаза, заедно со уште 23 екипи кои се во оваа конкуренција.
Во случај да не успее, Пелистер ќе може да се пријави во групната фаза ФИБА Европа купот и таму да продолжи да игра во натамошниот дел од сезоната што би му гарантирало уште шест меѓународни натпревари.