
Репрезентативецот Костадинов ја напушти Полска и се пресели во Чешка
Тој е трето летно засилување за клубот од Оломуц, а на својот нов тим ќе му се приклучи до крајот на оваа недела бидејќи доби слободен период поради репрезентативните обврски. За националниот тим на Македонија, тој има 30 настапи и беше член на составот кој настапи на Европското првенство во 2021 година.
„Ја прифатив понудата од Сигма затоа што мислам дека дефинитивно е чекор напред за мене. Чешката лига е една од 10-те најдобри лиги во Европа, па затоа ќе биде голем предизвик за мене. Се сретнав со спортскиот директор и тренерот и имав многу позитивно искуство од нашиот разговор. Имам многу пријатели кои играле и сè уште играат во чешката лига. Сите ми кажаа дека е висококвалитетна и со нетрпение очекувам да играм и да ја споредам со натпреварувањата каде што сум играл досега“, рече Костадинов на промоцијата.
Тој ќе биде втор македонски фудбалер во редовите на Сигма откако во 2009 година, краток период за овој клуб настапуваше поранешниот репрезентативец Гоце Толески.