
Моќен Гилџес Александер, Оклахома го врати ударот (ВИДЕО)
Во вториот меч на домашен терен, Оклахома славеше со 123-107, на крилјата на Шеј Гилџес Александер кој забележа уште едно извонредно издание. Тандер беа решени да не дозволат пораз како на претходниот натпревар и дојде до првата победа во финален дуел по пауза од 13 години.
Канадскиот кошаркар го заврши натпреварот со 34 поени, 8 асистенции и пет скока и тоа беше негов 12 настап во овогодишниот плејф со најмалку 30 постигнати поени. Голем придонес во триумфот имаше и Алекс Карусо кој постигна 20 поени, а Џејлен Вилијамс додаде 19. Тајрис Халибартон ја предводеше Индијана со 17, но сега Пејсерс беа далеку од уште еден брејк.
Серијата сега се сели во Индијанаполис, а третиот меч ќе биде на програмата в четврток рано наутро. Тоа ќе биде прв финален натпревар во овој град по пауза од 25 години.
фото: EPA Photo