
Ужас: Македонски тениски репрезентативец обвинет за силување во САД!
Тој е обвинет во Окружниот суд 3 со три точки за силување, две точки за присилна содомија и една точка за силување со предмет — сите кривични дела од прв степен. Од Атлетскиот оддел на Универзитетот на Јута потврдија дека веднаш штом биле информирани за обвинувањата тие го суспендирале македонскиот тенисер. Суспензијата била укината во јануари, откако не биле поднесени официјални обвиненија, но со услов дека ќе биде повторно активирана доколку бидат поднесени обвиненија. Откако обвиненијата се поднесени, спортистот повторно е суспендиран.
„Сериозно ги третираме сите обвинувања за сериозно несоодветно однесување“, стои во соопштението на Универзитетот.
Според обвинителниот акт, инцидентот се случил лани во ноември, кога Бугариќ излегол во бар со пријатели, по што се вратиле во неговиот дом. Тој започнал да се бакнува со жената, која му кажала дека не сака да имаат сексуален однос. Сепак, обвинителите тврдат дека тој повеќекратно сексуално ја нападнал.
„Македонецот не можел да поверува дека таа не сака да има секс со него, па насилно ја принудил на сексуален однос“, се наведува во обвинението.
Бугариќ неодамна ја заврши својата трета година на Универзитетот и беше првопласиран сингл играч во тенискиот тим. Тој беше првак на Македонија во конкуренција до 12, 14, 16 и 18 години, а настапи и во најсилната Дејвис куп селекција на нашата држава.