
Блицкриг на Шпанија - два гола за четири минути (ВИДЕО)
Двата гола, актуелниот европски шампион ги постигна во период од четири минути, од 22. до 26, користејќи ги максимално своите шанси. Отвори Нико Вилијамс по една одлична акција на Јамал и Ојарзабал, а фудбалерот на Сосиедад потоа му асистираше и на Мерино за удвојување на водството.
Претходно, Мбапе имаше една шанса за Франција, а Јамал за Шпанија откако ја измеша цела противничка одбрана.