Делап не се плаши од проклетството на „деветката“ во Челси (ФОТО)

Освојувачот на Конференциската лига на УЕФА, Челси го ангажираше Лијам Делап од Ипсвич како нов напаѓач за следната сезона, а младиот фудбалер реши да го избере бројот девет на дресот, кој важи за „проколнат“ во Лондон.

Многу напаѓачи во историјата на „сините“ ја носеа „деветката“, меѓутоа речиси никој не ги оправда очекувањата. Сепак, Делап не се плаши од проклетството на бројот и сака да го покаже својот талент и квалитет.

Делап минатата сезона настапи на 37 натпревари во Премиер лигата, а притоа постигна 12 голови и две асистенции за Ипсвич.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club