Роналдо и Консеисао ја „расплакаа“ Германија среде Минхен! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Португалија е првиот финалист во Лигата на Нации откако вечерва со 1-2 славеа над Германија во Минхен.

Напаѓаа и двете селекции од самиот почеток, видовме по некоја прилика и пред двата гола, но резултатот по првите 45 минути остана 0-0.

На самиот старт од првото полувреме Вирц го искористи нафрлувањето од Кимих во 48-та минута и погоди за 1-0. По тој гол на Германците, Португалија ја преземе иницијатива и повеќе се играше пред голот на Тер Штеген.

Таквата игра се исплатеше во 63. минута кога фудбалерот на Јувентус Консеисао погоди по еден одличен соло продор. Само пет минути подоцна во листата на стрелци се запиша Кристијано Роналдо за целосен пресврт.

Создаде шанси Германија до крајот на натпреварот, но резултатот не се промени.  Во финалето кое исто така се игра во Минхен в недела, Португалија ќе игра против победникот од дуелот на Шпанија и Франција кој се игра утре.

Фото: EPA PHOTO