
Каков гаф: Селекторката на Финска повикала фудбалерка која се пензионирала – пред 29 години!
Станувало збор Стине Русканен која денес имал 51 година. Грешката Саринен ја направила сакајќи да испрати повик за Нане Русканен која има 23 години и го носи дресот на Ѓургарден од Шведска.
„Подготвена сум ако треба да влезам. Синоќа играв меч од хоби лигата, така што сè уште сум во ритам“, низ шега изјавила повозрасната Русканен.
За жал на фудбалерката на Ѓургарден грешката била забележана дури откако истекол рокот за пријава на фудбалерки, па не била во можност да и помогне на својата репрезентација. Селекторката за медиумите ја призна својата грешка.
„Нане беше разочарана, но прифати сè со разбирање. Многу ми е жал за грешката“, изјави Сааринен за сајтот на Фудбалската федерација на Финска.