Генијалци: Поминале 27 часа во тоалет за финалето во ЛШ да го гледаат бесплатно! (ВИДЕО)

Во време кога илјадници фанови плаќаа по речиси 1.000 евра за влезница, двајца снаодливи Белгијци успеаа да го „измамат“ системот и натпреварот за најпосакуваниот клупски европски трофеј го гледале бесплатно.

Имено, Нил  Рамери и Сен Хавербеке се две момчиња популарни на социјалната мрежа „ТикТок“, а сега токму таму го објавија својот интересен подвиг. Место да платат скапа влезница за финалето двајцата Белгијци успеале средбата меѓу Интер и ПСЖ да ја гледаат бесплатно откако поминале 27 часа во тоалет. 

Тие како што самите открија еден ден претходно влегле на стадионот и се сокриле во еден од тоалетите на „Алијанц Арена“, а за да не ги откријат вработените на вратата ставиле натпис „надвор од употреба“.

„Имавме ранец полн со грицки и си игравме игри на телефон за да помине времето. Светлата беа постојано вклучени, а седењето не беше удобно. Спиењето речиси беше невозможна мисија. И психички и физички  ова беше навистина тешко“, изјави Ремери за белгиската телевизија VRT News.

Од тоалетот излегле кога стадионот почнал да се полни и без никаков проблем се сместиле на трибната. Исто така имале среќа да се најдат и на трибината со најверните навивачи на ПСЖ кој во финалето славеше убедлива победа од 5-0. 

@neal_senne Inbreken Champions League Finale ⚽️🏆 #fyp #foryou #fy #voorjou #belgium #belgie #viral #nederland #netherlands #championsleague ♬ origineel geluid - Neal & Senne