„Бомба“ од Италија: Модриќ се договорил со Милан

Поранешниот италијански и европски шампион Милан постигнал договор со хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, а новинарот Фабрицио Романо ги објави деталите.

Модриќ си заминува од Реал Мадрид, откако не му беше продолжен договорот, а тоа го искористи Милан за да му понуди едногодишна соработка со опција истата да биде продолжена на дополнителна година.

Хрватот прифатил договор со Милан и ќе добие плата од 3,5 милиони евра плус бонуси, а „росонерите“ наскоро треба да го промовираат искусниот фудбалер како ново засилување за следната сезона.

Модриќ во кариерата играше за Динамо Загреб, Зрињски Мостар, Интер Запрешиќ, Тотнем и Реал Мадрид.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.