
Енрике ѝ понудил на ѕвезда на Барселона да потпише за ПСЖ
Енрике, кој е поранешен тренер на Барселона, испратил покана до Гави да му се приклучи во Париз и заедно да се борат за нови успеси.
Талентираниот фудбалер во интервју за „Мундо Депортиво“ ги откри неговите планови за иднината, а тоа е да остане во каталонскиот гигант.
„За мене Енрике е најдобар. Мило ми е поради него и благодарен сум што ми даде шанса во репрезентацијата на Шпанија. Луѓе, можам да верувам во приказни, но тоа нема да се случи. Мирен сум во Барселона. Мојот сон е да останам цела кариера на ова место“, кажа Гави.
Гави оваа сезона настапи на 42 меча во сите натпреварувања, а притоа постиган три гола и три асистенции.
Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain