
Феликс погоди од слободен удар, Милан со победа ја заврши сезоната (ВИДЕО)
Натпреварот беше без резултатско значење и за двете екипи, Милан ги загуби шансите за излез во Европа, додека Монца од поодамна е веќе со мислите во Серија Б.
Победата „росонерите“ вечерва ја обезбедија со головите на Габија и Жоао Феликс во второто полувреме. Португалецот постигна убав гол од слободен удар во можеби својот последен натпревар за „росонерите“ бидејќи е најавува негово заминување на лето.
WHAT A GOAL JOAO FELIX pic.twitter.com/6jxf2LsKk6
— Ed 🇮🇹 (Fan) (@TheMarescaEra) May 24, 2025
Милан сезоната ја завршува со 18 победи, девет нерешени натпревари и 11 порази и освени 63 бода. Со овие три бода стигнаа до седмата позиција, но може да завршат и како осми во зависност од утрешниот натпревар на Фиорентина со Удинезе.
Фото: AC Milan/X