
Навивачите на Милан испратија порака до Американците: Одете си дома! (ВИДЕО)
На трибините пред почетокот на средбата навивачите е наместија така што испишаа „Go Home“ и тоа беше јасна порака за нивниот став кон американските газди кои не се прославија.
Милан сезонава не успеа да се избори за место во европските натпреварувања и тоа е дополнителен удар за буџетот за засилувања за следната сезона и поради тоа се бараат промени.
Со евентуална победа денеска Милан најмногу може да дојде до седмата позиција на табелата која не води никаде.