
Срамна сцена во Љубљана: Судиите избркаа 87-годишна легенда од меч во АБА2! (ВИДЕО)
Илирија со победа ќе избореше пласман во најдобрата АБА лига, но го загуби мечот од Босна и патникот во ранг погоре ќе се решава во мајсторка која ќе се игра во Сараево.
Но, она што го привлече вниманието кон салата Тиволи во Љубљана е одлуката на судиите да го избркаат 87-годишниот Иво Даниеу.
Тој незадоволен од неколку нивни одлуки гласно протестираше, а тие со негово отстранување од салата го решија проблемот.
Во шок беше и словенечкиот коментатор кој потсети дека Иво Данеу во оваа сала во 1970 година стана светски шампион.
На мечот во Љубљана беше и Лука Дончиќ кој се врати во својата земја по елиминацијата на Лејкерс. Тој во друштво на словенечкиот селектор Александер Секулиќ и легендарниот Марко Милиќ го следеше мечот.