
„Ламин е гениј, неверојатно е тоа што го прави на 17 години“
Не штедеше германскиот стратег пофалби за Ламин Јамал кој со само 17 години е вистински лидер на неговиот тим.
„Ламин е вистински гениј. Неверојатно е тоа што го прави со топката. Секое додавање е прецизно и без грешка. Импресивно е тоа за 17-годишно момче. Во првиот натпревар нè врати во игра со своите акции и гол, беше прекрасно да се гледа. Но, мора постојано да биде на тоа ниво,“ изјави Флик.
Флик нагласи и дека тимот мора да биде на највисоко ниво доколку сака да го совлада Интер.
„Пред нас е клучен натпревар. Целта ни е пласман во финалето и за тоа ни се потребни сите фудбалери на највисоко ниво. Интер е фантастичен тим, со големо искуство и квалитет во сите линии“, истакна тренерот на каталонскиот гигант.
Потсети Флик и на досегашниот успех на Барселона.
„Кога ја започнавме оваа сезона, мислам дека никој немаше претстава колку ќе постигнеме. Веќе освоивме два трофеи. Сега следуваат одлучувачките недели, што е нормално кога си на ова ниво. Сакам тимот да ужива во овој момент, да ја покаже својата сила и да игра како вистински колектив, тоа ми е многу важно“, додаде Флик.
Фото: FC Barcelona/FB