
Тудор мора да исполни еден услов за да остане тренер на Јувентус
Споед информациите на „Фудбал Италија“ останувањето на Тудор на клупата многу ќе зависи од тоа дали „старата дама“ ќе избори пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.
Јувентус поведе рано на натпреварот со голот на Кефрен Турам на „Дал’Ара“, но девет минути по почетокот на второто полувреме, Ремо Фројлер го изедначи резултатот.
Со овој исход, четири екипи се најдоа во жестока борба за местата кои водат во Лигата на шампионите, Јувентус, Рома и Лацио имаат по 63 бода, а Болоња е веднаш зад нив со 62. До крајот на сезоната остануваат уште три кола.
Тудор го презеде тимот на крајот на март, по смената на Тијаго Мота и досега има учинок од три победи, два ремија и еден пораз. Победи против Џенова (1:0), Лече (2:1) и Монца (2:0), ремизираше со Рома (1:1) и Болоња (1:1) и загуби од Парма. (0:1).
Тудор најверојатно нема да остане на клупата на Јувентус следната сезона доколку тимот не избори пласман во елитното европско натпреварување. Дури и евентуален пласман меѓу првите четири на табелата не е гаранција за негов останок, бидејќи раководството на клубот сака да биде сигурно дека на клупата го има вистинскиот човек, а Тудор досега не ги убедил дека токму тој треба да е конечниот избор за долги патеки.
Познато е дека Тудор ќе ја води екипата и на Светското клупско првенство кое започнува во средината на јуни и малку е веројатно дека пред тоа ќе биде донесена или објавена официјална одлука за иднината на клупата на „Старата дама“.
Фото: Juventus FC/FB