Жирона по пауза од три месеци конечно победи во Ла Лига

Фудбалерите на Жирона ја прекинаа црната серија во Ла Лига, откако вечерва триумфираа со 1-0 против Мајорка и ја запишаа првата победа уште од 3 февруари, кога последен пат го совладаа Лас Палмас со 2-1, по што следеа 11 меча без триумф.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Стуани во 10. минута од натпреварот, по што Жирона успешно го бранеше водството до последниот судиски свиреж. На мечот доби шанса и македонскиот напаѓач Бојан Миовски во финишот од средбата.

Жирона се наоѓа на 15. место во шпанската лига со 38 бодови, односно шест повеќе од зоната за испаѓање.

Фото: EPA PHOTO