Втора пол-позиција по ред за Ферстапен

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен е победник во квалификациите пред Големата награда на Мајами.

За него, тоа е втора пол-позиција во низа и вкупно трета оваа сезона, а квалификациите ги заврши со време од 1:26,204, за 65 илјадити делови од секундата пред Ландо Норис од Мекларен. Третото место го освои Кими Антонели од тимот на Мерцедес.

Неочекувано лош резултат имаше седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон кој беше елиминиран во вториот круг од квалификациите бидејќи го освои 11. место.