По шест години, Тео Ернандез се враќа во Реал!?

Една од најголемите ѕвезди на Милан, Тео Ернандез би можел повторно да го облече дресот на Реал на почетокот од идната сезона.

„Кралскиот клуб“ со големо внимание ја следи состојбата со него, а таа во Милан не е воопшто розова за Французинот. Освен тоа што има непријатности и несогласувања со тренерот Сержо Консеисао, Ернандез не игра на посакуваното ниво и често е на клупата.

На Реал му е потребен фудбалер од неговиот калибар бидејќи планира голема чистка во текот на летото. Вредноста на Ернандез се проценува на околу 20 милиони евра, а со оглед на тоа што договорот со Милан му истекува во 2026 година, ова е последна шанса „росонерите“ да заработат на него.

Ернандез веќе беше член на Реал од 2017 до 2019 година, но практично одигра само една сезона за овој клуб затоа што втората ја помина на позајмица во Сосиедад. Во 2019 година за 20 милиони евра се пресели во Милан и оттогаш забележа 259 настапи и постигна 34 гола за „росонерите“.