Против Барса не се доволни ни два гола предност - на полувреме е израмнето (ВИДЕО)

По шокантниот почеток и водството од 2-0 за Интер, Барселона се избори за нерешен резултат  по 45 минути игра.

Израмни Феран Торес во 38. минута по една фантастична акција која ја почна Педри, а на напаѓачот му асистираше Рафиња со глава.

Проблем за Барселона е тоа што пред крајот на полувремето се повреди Жил Кунде и мораше да го напушти теренот, но слична мака има и Интер кај кого се повреди капитенот Лаутаро Мартинез, но остана на теренот до крајот.